СТРАШНО – 511 НОВОЗАРЕАЗЕНИ

За девет дена

Од 8 до 16 март вирусот Ковид 19 од британскиот сој заразил нови 511 прилепчани. На последиците од болеста им подлегнале 21 лице.

Иако градоначалникот Илија Јованоски, побара заострување на мерките за заштита како полицискиот час за Прилеп да почнува во 19 часот поради наглиот раст на бројот на болените. Но, Комисијата за заразни болести го одби со образложние дека полицискиот час треба да остане како досега додекаа го даде потребниот резултат.  Во почетокот на иднатанедела ќе се дискутира за заострување на мерките.

Министерот Венко Филипче призна дека се наоѓаме во екот на третиот бран од пандемијата при што се бележи раст од нешто повеќе од 5000 активни случаи во последниот месец и 1100 хоспитализирани пациенти низ земјава.

Во Прилеп, бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 892. Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 6.122 лица, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 284 прилепчани.

Градоначалникот Јованоски изјави дека ситуацијата е алармантна и крајно загрижувачка, особено поради тоа што ги зафаќа помлади лица. Растот на заболените, според таткото на градот, кој се излечи од болеста, се должи на куќните дружби во поголем број, што тешко се контролира и криењето на контактите, потоа метежот пред банките и кафулињата граѓаните недоволно ги почитуваат мерките за заштита. Дури и дел се шетаат низ градот со потврден позитивен ПСР тест, влегуваат во аптеки, продавници, маркети итн.

-Тоа е чин на највисока неодговорност и заслужува секаква осуда – рече  Јованоски.

Во болницата се хоспитализирани 89 лица, од кои 77 се со кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат 92 пациенти.  Се очекува од понеделник да биде ставена во функција модуларната болница и очното одделение се транформира во ковид центар, покрак инфективното, интерното, гинеколошкото и одделенето за уво, нос и грло.

Инаку, Општинскиот кризен штаб одлучи градските автобуси да се обраѓаат до 18 часот и во помал број. На влезовите на пазарот да бидат поставени Ковид штандови, со што на секој граѓанин кој влегува во пазарот ќе му бидат дезинфицирани рацете и доколку не носи заштита маска, нема да му биде дозволен влез.

Loading