РАСТОТ И ПАДОТ НА СЕЛОТО МАРУЛ ПО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (3)

marul-1

Петрески Ванѓелов Раде Бабјак (1940 година). Во пролетта 1956 година Раде Бабјак отиде да го изучува терзискиот, шивачкиот занает кај терзијата Пупески Киро во с. Добрушево, зет за сестра на Раде. Откако Киро и Лоринка се преселија фамилијарно во

Прилеп во 1958 година и Раде се пресели со нив и продолжи да го учи и заврши шнајдерскиот занает. Раде го напушти шивачкиот занает, се префрли во молерскиот занает за поголема заработувачка. Има работено низ тогашна СФР Југославија, во Макарска работеше повеќе години, се има прошетано и до Австралија. Родената сопруга Нада е почината, сега живее со својата ќерка во населбата Црквиште во градот Ресен. Раде е талентиран и весел човек за музика  за оро водење, за песни пеење и е свирач на хармоника.

Ристески Ристев Китан Јанкоски (1925 – 1994 година). Китан има завршено основно одделение, четврти разред во с. Подмол на српски јазик, 1932 – 1936 година. Неговото детство и младост ги поминал убаво спрема тогашните услови. Поддржан од татко му Ристе на кого му купил во тоа време велосипед. Велејќи Ристе, еден од нас нека живее поудобно. Китан беше партизански војник. Женет е за Милица Грданоска од с. Добрушево и таа со завршено четврто одделени. За време на колективот, Китан беше бригадир во Втора бригада. Во животот Китан беше весел човек, поготово на орото. Без потомство. Жалосно е што нема потомство. Со делбата на Јанковци на четири дела, се дели и Китан во зимата 1955/56г. Китан поседе една ипол година во Марул и пролетта 1958 се иссели во Прилеп. Се вработи служител во училиштето Добре Јованоски во Прилеп. Настрада малце во сообраќајот на битолско џаде. Оттогаш здравјето му се наруши во 1996 година Китан почина, погребан во Прилеп во прилепските гробишта.

Павлески Ванчов Мирко Петрески (1934 – 1967). Мирко имаше завршено српско – бугарско четвртто одделение во подмолското училиште. Мирко беше пргав, еластичен човек. Во 1953 година, Мирко се ожени со личната девојка Колеска Нада од с. Бонче. Во ЈНА Мирко се здоби со занает електричар. Во 1956 година се вработи во Електродистрибуција во Прилеп. Во летото 1958 година, Мирко се дели од Павлевци. Си ја зеде фамилијата, жената Нада и децата Пецо и Мара и се иссели во Прилеп. Кобната несреќа го фати на 13. 10. 1967 година, настрада смрттно во сообраќајна несреќа со мотор во непосредна близина на Црн бор, на тогашното Битолско џаде. Погребан е во Старите прилепски гробишта.

Јованоски Илиев Цветан Крушка (1923 – 2001). Цветан е со завршено четврто одделение на српски јазик од 1930 – 1934 година. Цветан е учесник во НОБ, партизан се здоби со чин поручник. Цветан е оженет за Пажеска Наумова Василка од с. Мало Рувци. За време на колективот, бидува претседател и директор во селото Дабјани и Марул. Во 1958 година пред месец септември, Цветан фамилијарно со жената Василка и децата Арсо, Гроздан, Веле, Благоја, Пецо и Драге се иссели во Прилеп за дошколување на децата. Цветан умре во 2001 година и е погребан во с. Ерековци.

Ристески Танев Китан Танески (1929 – 2002). Китан остана сирак без мајка му Менка Делоска. Четвртто одделение Китан го завршува на српски јазик во училиштето во село Подмол. Китан од многу мал бил со плугот по нивјето. Во 1948 година е оженет за Трајанка Симоноска од село Путурус. На Чисти понеделник мајката Анѓа на браќата Крсте, Тане и Блаже во 1956 година почина. После шест недели браќата се поделија на три дела. Китан остана со татко му Тане, но не за долго време. Есента истата година Китан се дели. Китан со неговата фамилија беше сам домаќин. Во пролетта во 1959 година, Китан Танески купи куќа во село Ерековци. Си ја зеде фамилијата, жената Трајанка, децата Димче и Саветка. Се пресели во Ерековци. Китан таму продолжи да биде земјоделец и сточар се до неговата смрт во 2002 година, погребан е во Ерековци.

Јошески Блаже Каленецо Јанкоски (1922 – 1999). Јошески Блаже е дојден домазет од селото Кален за умрениот Алекса. Блаже дојде во 1949 година, слободен без негово потомство. Кај Илијовци Блаже најде две нажалостени сирачиња, Ванѓел и Илија. Со новата сопруга Ѓурѓа Делоска природија две деца, Дончо во 1950 и Киро 1952 година. Со очувот Петре живееа во месец февруари 1958 година и се делија. Блаже и Ѓурѓа се сместија како дневна соба за спиење и задржа една кошара за покуќнина. Во 1958 година беа селски говедари. Во 1959 година насадија повеќе тутун, го обраа и пред школската година 1959 Блаже со сопругата Ѓурѓа, со посиноците Ванѓел, Ило и синовите Дончо и Киро се преселија во Прилеп во новоизградената куќа во Штавичко маало за дошколување на децата.

    Дојчиноски Божинов Благоја Јолески (1928 – 2016). Благоја Јолески првата жена Даница ја остави поради ментално беше нездрава. За втората жена Илинка Јованоска од с. Боротино се ожени во летото 1952 година. Благоја и Илинка во бракот имаа едно дете Тодорка родена во 1954 година. Благоја фамилијарно од родителите се дели на 27.10.1958 година. Благоја во годините 1959/60 година беше полјак во село Марул. Во месец октомври 1960 година се сели во Прилеп. Дојчиноски или Јолески Благоја има завршено четвртто одделение на српски јазик во село Подмол во 1935/39 година.

Тошески Божинов Љубе Јолески (1937 – 2005). Тошески Љубе му е роден брат на Дојчиноски Благоја. Љубе има завршено четврто одделение во село Марул после Втората светска војна од 1944 до 1948 година. Во месец февруари Љубе се вери за девојката Даринка, се иссели во Прилеп. Во 1961 година се вработи служител во училиштето Добре Јованоски во Прилеп. Си оснива потомство.

Митрески Јованчев Петре Мурџески (1939 – 2013). Митрески Петре има завршено до трето одделение. Во месец март 1959 година отиде војник во ЈНА. Откако се врати од армијата отиде, се вработи кај својот стрико Митрески Цветан во рудникот за јаглен близу градот Костолац во Србија. Петре се ожени за девојка Љубица која има едно машко дете Жељко. Петре почина во Костолац во 2013 година.

Продолжува

Loading