ДВОЧАСОВНА БЛОКАДА НА ПАТОТ ПРИЛЕП – ГРАДСКО

protest na tutunari

Четирите здруженија на тутунарите го блокираа сообраќајот на патот Прилеп – Градско кај пумпата Лук Оил на излезот од градот два часа, во знак на протест од ниските откупни цени на тутунот од ланскиот род и тешкотиите во откупот на вишокот на родот. Ним им се придружија во поддршка дуќанџиите, занаетчиите, угостителите, земјоделците… Ги повикаа и пратениците да се запознаат со проблемите со кои се соочуваат во насока на пронаоѓање на полесно решение на тутунарската агонија. Апелираа до министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и претседателот на Сојузот на Земјоделски здруженија Менде Стомнароски да ги ангажираат сите сили за ублажување на последиците од ниските откупни цени.

-Ако ние сме сиромашни, ако муштериите се сиромашни, и чаршијата е сиромашна. Нашата борба е и ваша. Трговците знаат дека прометот им расте со парите на тутунарите. Економијата може да расте, ако се трошат парите. Но, парите треба да се земат, а ако не се земат, нема што да се троши. Сé замира во општината, па и во државата – рече Игор Мирчески, еден од организаторите на протестите.

Loading