ЗИМАТА СИ ГИ ПОКАЖА ЗАБИТЕ

ВО ЖЕНСКИОТ МЕСЕЦ

CIMG3229

По пролетните температури десеттина дена, зимата повторно си ги покажа забите. Потсети дека уште трае, дека е тука и во март. Во ,,женскиот,, месец или ,,лудата марта,, како што милуваат да речат прилепчани, која е со сто умишта и никогаш не се знае што ќе донесе. Поради продор на студена воздушна маса, во Прилеп повторно се формира снежна покривка од 4-5 центиметри. Како и жените, така и март е непредведлив, топло, ладно, сонце, снег… Алиби има, зимата уште календарски трае, а пролетта ја чекаме со снег.

Loading