ЖЕНА ГО СТАВИ ВРВОТ ПОД НОГА

Marjana Gjorgievska na   Kilimandzaro

Кога нешто силно се посакува, тоа и се исполнува. Упорноста, трудољубивоста и тренингот водат до врвот. А дека планинските врвови ги искачува како од шега, доказ се подвизите на прилепчанката Маријана Ѓорѓиевска, која се искачи на највисокиот врв во Африка – Килиманџаро, 5.895 мнв. во североисточна Танзанија. На Фб профилот на 27 февруари таа објави фотографија и напиша: ,,Посакај си желба и тивко исполни си ја! 3/7 суммитс (26.02.2021)”. Или трет највисок врв на еден континент на кој се искачила Ѓорѓиевска.

Низ прекрасни амбиентални фотографии упатува позитивни пораки: Ќе дојде време кога ќе веруваш дека сé е завршено. Тоа ќе биде почетокот! ,,Изберете ги вашите благослови, а не вашите проблеми,,  Во дивината одам да го изгубам умот и да ја најдам душата,,.

Таа се искачила на највисокиот врв во Европа, Елбрус и на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва во Аргентина, 6.962 метри. 

Loading