РЕКОРДНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

Гимназија Мирче Ацев

dimce-nasteski-gimnazijaПоследниве три години, во гимназијата ,,Мирче Ацев,,, како никогаш порано, инвестиран е еден милион евра за реконструктивни зафати.

-Покрај целосната реконструкција на покривот за 240.000 евра, измалтарен е целиот објект. Комплетно е обновен инфоматичкиот кабинет. Почнуваат работите на целосна промена на дограмата, реновирање на фасадата, поставување на лифт за лица со инвалидитет и уредување на подрумскиот простор, каде ќе бидат отворени две или три нови училници. Проектот опфаќа и санација на двата санитарни јазли во подрумот и нови тоалети за лицата со инвалидитет на сите три ката по вертикала. Зафатот ,,тежи,, 400.000 евра – вели директорот Диме Настоски.

Реконструкцијата почнува веднаш да се искористи периодот на настава од далечина. Се очекува окончување во септември за новата учебна година, за која се негува надеж дека ќе се одвива со физичко присуство.

Обезбедени се околу 90.000 евра за инсталлација на нова котларница. Веќе е набавен машинскиот дел за првата комбинирана котларница на гас и на нафта, која ќе ги задоволува стандардите за заштита од пожари.

krov-gimnazija-4

Годинава комплетно ќе се пренасочи водоводната мрежа како и на фекалната и атмосферската канализација. Ќе се реконструираат сите површини под асфалт.

Loading