ТРИ ИСТОРИСКИ БИСЕРИ ПОД ЗНАМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

Istoriska panorama na Prilep

Панорамска фотка од Комерцијална банка кон Саат кулата. Во кадро бронзениот великан Александар Македонски со копје и штит, храбро им ликува на камените остатоци од Анот, чии прозорчиња мамат за истражување, за кои некои велат дека имаат еврејски или влашки знаци. Наслада за душата е и парковскиот раскош.

Од мало растојание, Саат Кулата се инаети со каменото историско руво. Стаменост во модерните времиња и декор на центарот.

Само, никако да се слушне она поради кое ја изградиле и ја крстиле Градски часовник или Саат кула?! Да, чукне толку силно, што ќе ја чуе и Александар Македонски во древните антички времиња.

Гордо се виори високо поставеното знаме на вековна Македонија, а од Маркукуле и Варош зрачи божјиот дух, со вечерната романтика на светлечкиот крст.

Loading