ЗАБАВНО-РЕКРЕАТИВЕН ПАРК

ОУ Рампо Левката

rampo levkata sl

Во ОУ ,,Рампо Левката,, и во подрачното училиште во селото Селце, подобрени се инфраструктурните услови. Набавени се наставни помагала за изведување на наставата. Во тоалетите е заменета старата канализациона мрежа на вториот и третиот кат, реновирани се спортската сала и соблекувалните, ставен е во функција видео надзорот и уред за следење на работното време.

-Уреден е дворот и сервисиран е системот за противпожарна заштита. Реконструирано е спортското повеќенаменско игралиште за 2,4 милиони  денари. Уредено е детско игралиште со летна училница и забавно- рекреативен парк во дворот за 300.000 денари. Уредена е со нов мебел уште една просторијата за дневниот престој – вели директорката Менче Аџиоска.

Подновен е е инвентарот со 100 нови клупи, 200 столици и 30 за наставниците. Делумно се заменети се старите дрвени, со нови ПВЦ врати. Обновени се подовите во сите училници и сменети се рефлекторите во спортската сала.

За годинава се очекува завршување на оградата, изградба на атлетска патека, машина за чистење и реконструкција на системот за парно греење.

Во услови на пандемија, наставата се одвива според протоколите.    

Loading