Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи на средбата со стопанствениците во Прилеп изјави дека бизнис секторот во Пелагонија може да очекува силен инвестициски и инфрастуктурен бран, вклучувајќи ги намерите за системски промени, царински и даночни олеснувања,
-Тоа е поддршка за раст и развој на домашните и странските компании. Фокусирани сме на модернизација на патната инфраструктура во Пелагонија – изјави вицепремиерот Битиќи.
Стопанствениците отворија повеќе прашања со инфраструктурата во регионот.
-Пелагонискиот регион заостанува, иако е втор во земјава со околу 8.300 фирми и 220.000 жители. Тука се создава 13 отсто на БДП, многу млеко, јаболка, тутун и енергија. Бројките ќе бидат поголеми, ако се подобри инфраструктурата со автопатски решенија – истакна Мирко Велковски, претседател на Регионалната комора од Битола.