КИРОСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕНЗИОНЕРСКОТО СОБРАНИЕ

kiroski sl

На последната седница, делегатите на Собранието на Здружението  на пензионерите го избраа за претседател долгогодишниот активист, професорот Ангеле Кироски. Тој доаѓа на местото на починатата Роза Василеска.

Според него, најважно е здравјето на членството. Првин да се преброди пандемијата и пензионерите да се ослободат од стегите на болеста. Значајно е отворањето на клубовите за остварување на активностите.

Кироски два мандата беше претседател на Комисијата за спорт. Под негово раководство, како добар и признат шахист, пензионерите постигнаа високи резултати на регионалните и на државните спортска манифестации.

Како професор по француски јазик, пред пензионирањето два мандата беше директор на ОУ ,,Манчу Матак,,.

Loading