СТАРАТА КОТЛАРНИЦА ЌЕ СЕ АДАПТИРА ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРАКСА

СОУ Ристе Ристески – Ричко

riste risteski ricko sl

Над 4 милиони денари се инвестирани во СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, за подобрување на инфраструктурата и условите. Покрај сопствените извори и од локалната самоуправа, не мало е учеството на средствата и од приватниот сектор и меѓународните програми.

Учењето од далечина се одвива непречено, а практичната настава се изведува со физичко присуство.

За три години се вложени 12, 7 милиони денари. Според директорката Билјана Трајкоска, променети се подовите во 6 училници, реконструирани се санитарни јазли на трите ката, реконструирана и адаптирана е котларницата, саниран е покривот, реконструирана и адаптирана е и просторијата во графичарската работилница за практична настава. Набавен е школски модел на четиридимензионална ЦНЦ машина за практична настава за машинска струка и 7 дигитални табли со видео-проектори и посебни компјутери за работа на дигиталните табли

-Реконструирани и опремени се кабинетите за практична настава од електротехничката струка и други две училници, кабинетот по информатика и програмирање и кабинетот за електрични мерења. Опремена е работилница за практична настава за графичката струка. Набавени се 5 комплети на алатки за пракса за дуалното образование -вели Трајкоска.

Се планира реконструкција и адаптација на старата котларница во која ќе бидат сместени работилници за практична настава за машинската струка за 9 милиони денари. Годинава се очекува промена на подовите уште во 3 училници, оградување на дворот и хортикултурно уредување.

Loading