ВЕЛЕСКИ НА ЧЕЛО НА КОМУНАЛЕЦ

Sasho Veleski

Дипломираниот машински инженер Сашо Велески е нов директор на ЈКП Комуналец. Го наследува В. Д директорот Даре Цветаноски кој замина во пензија.

Велески доаѓа на челната позиција од работното место раководител на сектор за паркови и зеленило. Тој е искусен менаџер. Беше член на Управниот одбор во Телеком. Повеќе години бил советник во Советот на Општината.       Со познавања на јавните претпријатија, најавува новини во правилното третирање и управување со отпадот, беспрекорна заложба за чист и уреден град и здрава животна средина.    

Loading