16 БИЗНИСМЕНИ НЕ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТИ ОД ДРЖАВНАТА ПОМОШ

Владата ги обелодени фирмите кои не ги исплатиле платите на вработени за декември, иако добиле државна финансиска помош. Меѓу 306 фирми, 16 се од Прилеп.

Според Сања Лукаревска, директор на Управата за јавни приходи, станува збор за злоупотреба на финансиската помош.

За декември се поднесени 13.721 барања. На 13.160 работодавачи им се исплатени 961,7 милиони денари за 60.974 вработени. 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка од 160 илјади денари не им исплатиле плата на 992 работници. Работодавачите веќе добиле опомена. По рокот, ќе се блокираат сметките и средствата ќе се пренесат директно на сметките на работниците.

Loading