НАМЕСТО КАФЕ, ГИ ЧЕСТИ ГУЛАБИТЕ СО ПЧЕНИЦА

goga najce so gulabi

Не само за Богојавление кога симболот на светиот дух е гулабот, нашиот сограѓанин Гога Најчески со речиси 80 години секојдневно им нуди дневна порција на градските гулаби во центарот на градот. Сликата е фасцинантна, како овие гладни птици го дочекуваат со најлонот со пченица да ја нахранат својата душа. Најче не е единствен кој го варди и негува јатото од гулаби што е декор на градот. Се разликува од останатите по тоа што изгледа дека гулабите го препознаваат. Само штом ќе се појави од далечина, стотици гулаби од сите страни на чаршијата го ,,напаѓаат,, уште со не отворената ќеса со зрна. Дури и кога ќе ги наполнат бапките и ќе се заситат, летаат и се движат по него, до него, му застануваат на главата, на рацете, рамената… Инстинктот им го покажува благородното срце. Додека тој се гордее на своите пријатели со крилја, вели ,,наместо да пијам кафе, ги честам гулабите секој ден,,.  

Loading