ПРОФЕСИОНАЛНО ГО МОДЕЛИРА ТЕЛОТО НА КЛИЕНТОТ И ГО ЈАКНЕ ЗДРАВИОТ ДУХ

Луција Јаковлеска Димчучулеска (41) фитнес инструктор

FB IMG 1610463128507

Доколку сакате фит и здрав изглед побарајте ја прилепчанката која личи на Барбика. Блондинката со високи нозе и рамен стомак. Небаре кукла од насловна страница со порцелански тен и сини очи. Зад убавината се крие фитнес инструктор со лиценца од Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија. Луција Јаковлеска Димчучулеска (41) знае што му треба на човечкото тело да изгледа убаво, здраво и со цврст дух. Фитнесот е нејзина пасија, иако дипломирала на Земјоделскиот факултет, отсек екологија по завршувањето на гимназијата. Сега студира и Англиски јазик во Скопје. Првата обука за фитнес инструктор ја имала пред 24 години. Сега од еминентните професори од медицинскиот факултет и од фармацијата се обичил да работи и со луѓе кои имаат здравствени проблем.

– Да се има убаво мускулесто тонирано тело, не значи дека човек е дебел, без целулит и без задршки на течности. Може човек да изгледа и здрав и слаб и фитнес и фит. Помагам после сообраќајќи, проблеми со шеќер, сколиоза, а не само кај оние кои имаат зголемена телесна тежина – вели Луција Јаковлеска Димчучулеска.

Таа е пример како вежбањето може да го врати човекот во живот. Била одбојкарка во Работнички Фершпед и во репрезентацијата. На 19 годишини имала тешка сообраќајка и ја завршила кариерата поради повреда на раката. Тоа било поттик со многу вежби, труд и мака да се врати во нормала. Работела како фитнес инструктор кај Златко Талески, па во Енерџи фитнес клубот, држела тренизни во Магнус во Скопје, па во Арена Фитнес во Прилеп. Сега работи како индивидуален тренер.

 – Секој балансиран тренинг дава поголема сила, виталност и поголема можност за извршување на другите обврски. Фитнесот го препорачувам бидејќи спортот е половина здравје. Може во теретана, а и дома онлаин. Се определуваат вежбите со план на исхрана според здравствената состојба. Во Прилеп е послабо поради менталитетот, бидејќи на некои им е страв и срам да вежбаат со тренер, а во Скопје се гледа поинаку. Моето тело на некој клиент му е мотивација за вежбање. Тоа е подолг процес. Со придржување кон вежбите и планот на исхрана, со дисциплина се постигнуваат ефекти за моделирање на телото и за 15 дена – објаснува таа.

Навикнала да не обрнува внимание на оние кои í се вртат.

– Горда сум што сум постигнала авторитет како способен тренер, а не како згодна девојка. Среќна сум, оти го работам она што го сакам, тоа што ме исполнува. Ме радуваат резултатите кај луѓето со здравствени проблеми. Имам големи планови. Не би сакала да го откривам приватен живот, бидејќи по 24 години брак доживеав развод. Тешко помина тој период,  но на прво место ми е 14-годишната ќерка на која сум í максимнално посветена. На крајот љубовта сама по себе ќе си дојде – вели таа.

Препорачува секој да вежба. Особено оние кои имаат многу обврски. Така ќе се чувствуваат добро и здраво. Секој да се сака себе си, така се создава волја, сила, верба и мотив да се постигне, дури и невозможното.

{AG}632/lucija{/AG}

БИКИНИ ФИТНЕС И ПАРЧЕ ТОРТА

Висока е 179 сантиметри и има 62 килограми. Родена е на 26 мај 1979 г. Знае да јаде и торта.

– Генетиката ми од баби, дедовци, од моите родители, но и спортот има влијание. Саат ипол до два вежбам. Се хранам здраво, спијам доволно 7-8 часа, не пушам, не пијам. Тоа ми е животен стил. Јадам и благо, но наредните неколку дена ја редуцирам храната и со посилен тренинг се компензира. Практично го контролирам телото. Луѓето стануваат вџашени кога ќе им ги кажам годините – вели таа.

СО ОПЕРАЦИИ, НО БЕЗ ЕСТЕТСКИ КОРЕКЦИИ

Имала карцином на дојката и тумор на гениталните органи. Преживеала тешки операции, но на себе нема ниту една естетска корекција.

– Пред 8 години оперирана сум од карцином на дојката и со хемотерапија бев во теретана. Докторите се чудеа. Без спортот ќе ме немаше меѓу живите. Лани, со 25 сантиметри рез на стомакот, се вратив на тренинзните, бидејќи силата потекнува од мозокот. За време на короната, имав добар имунолошки систем и не легнав в кревет. Со спортот излегува негативната енергија и се лачи хормонот на среќата. Господ ми дал убавина, но ми го зел здравјето. На мене сé е природно. Потребна е добра козметика, тоа не значи скапа и брендирана. И шминкерка бев. Бидејќи имам куклест лик, ме прашуваат дали сум оперирана. Не сум заговорник на естетска хирургија, не сакам силикони и имплатанти, оти сум задоволна со телото. Под естетската хирургија не се подразбира ставање на хијалурон или одредени третмани, но доколку би имала вишок пари, понатаму би сакала, како и секоја жена – вели таа.

Loading