БОЛНИЦАТА И УРЕДОТ ВО ЕДНО

Владата одлучи да се спојат здравствениот дом и болница со име Општа болница со проширена дејност.

Со спојувањето, сите здравствени услуги на двете здравствени установи ќе се добиваат во една. Пациентите ќе добиваат квалитетни услуги лесно на едно место, без оптоварување со дополнителни административни процедури за упатување од една во друга установа. Спојувањето ќе ги намали трошоците во административните процедури и ќе се надополни кадарот што недостасува, пред сé, со медицински персонал. Интеграцијата ќе овозможи порационално користување на буџетот, намалување на долгот, а со тоа и поефикасно работење. Ќе се надминат проблемите со транспорт на пациенти со еден возен парк, особено со возилата на итната медицинска помош.

Loading