За болницата
Во болницата беа промовирани 20 неинвазивни вентилатори за кислородна поддршка, што се донација на Седрик Пахуд, сопственик на швајцарската компанија што ги произведува овие апарати и на прилепчанецот Дејан Аџиоски, кој живее и работи во оваа земја. Донацијата е вредна 200.000 швајцарски франци.
Градоначалникот Илија Јованоски рече дека опремата е од огромна помош за лекувањето на хоспитализираните пациенти не само во борбата со коронавирусот, туку и по завршувањето на пандемијата.
-Помошта е добредојдена. Апаратите се голема корист на докторите и на здравствениот персонал, но најмногу ќе бидат од полза за пациентите со потешка клиничка слика, односно со потреба од кислородна поддршка – кажа Јованоски.
Вентилаторите ќе се користат и во одделенијата за анестезиологија, интензивна нега, во интерното, во операционите сали или секаде каде што има потреба од механичка вентилација.