НАСМЕВКА ЗА НАЈМАЛИТЕ И НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ

ELS 0763

За новогодишните и божикните празници традиционално, градоначалникот Илија Јованоски подели пакетчиња за првоодделенците од основните училишта и за децата од детските градинки со запазување на мерките за заштита од коронавирус. Пакетчињата предизвикаа радост и кај штитениците на Дневниот центар за лица со церебрална парализа и децата од Здруженијата на глуви и наглуви и слепи лица. 

Јованоски подели 100 пакети со прехранбени производи во Домот за стари лица. Тоа е  донација на прилепчанката од Австралија, Билјана Миленкоска Јурукоски. Таа донира околу 7.000 австралиски долари, од кои дел во пакети со храна по 2000 денари добија 130 семејства од ранливите категории граѓани. 20 пакети со македонски производи отидоа кај децата од Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

Loading