КАТУШКА ОД ПРИЛЕП ШЕСТ ГОДИНИ ГИ УЧИ ЏУДО СПЛИЌАНИТЕ

Која е македонската царица која ја ,,посвоил,, џудо клуб од Далмација?

Katerina

-Прилепчанката Катерина Николоска која ја претстауваше Македонија во 2016 г. на ОИ во Рио, се најде на страниците на Слободна Далмација

Ја нарекуваат македонскта кралица во џудото. Вака весникот Слободна Далмација пишува за прилепчанката Катерина Николоска (30) која ја претставуваше Македонија во 2016 г. на ОИ во Рио, а веќе шест години ги тренира сплиќаните. Тие пишуваат за познатата Македонка која била ..посвоена,, од џудо клуб од Пујанки. Сплиќаните веднаш ја преименувале Катерина во Ката, нашата Катушка. Во текстот објавен на 1 декември во Слободна Далмација пишува:

-Кога станува збор за џудото, слободно би можеле да ја наречеме македонската царица, Катерина. Таа е единствената од Македонија која се натпреваруваше во таа дисциплина на Олимписките игри во историјата на таа земја. Ја претставиме затоа што, за среќа, овој бисер меѓу спортистите беше “усвоен” од сплитскиот џудо клуб Пујанки пред шест години. Катерина Николоска делумно се подготвуваше за Олимписките игри во Рио де Женаниро во сплитскиот клуб, кој го држат таткото и синовите Прерадовиќ, а денес работи за нив како тренер. Нејзиното име е Ката, Кејт е дома, тренерот ја викаше Кетрин, а на Фејсбук е позната како Катушка – пишува весникот.

Katerina Nikoloska

Потоа весникот пишува дека дипломирала на Кинезиолошкиот факултет во Скопје. Оваа национална шампионка долги години е носител на црн појас втор ден. Таа првпат згазна по џудоо душеците во родниот Прилеп. Се одликувала со многу работа и дисциплина, често одделена од семејството. Катерина нашла мир во сплитското соседство од кое растат џудисти од европски глас. Дипломирала и како меѓународен судија со високи оценки. Бидејќи работи под македонско знаме, често била канета на регионални натпревари, барајќи арбитрарна неутралност. Во интервјуто Катерина Николовска меѓу другото вели:

– Луѓето овде, за разлика од нас Македонците, се малку воздржани – забележува таа во Слободна Далмација.

Katuska4

И НЕДОСТАСУВА СНЕГОТ И ПРИЛЕП

Катерина Николоска последен пат била во Прилеп во август. И недостаува родниот град и снегот.

Во сплит не е навикната на бура и, како што вели, во зима и недостасува снег. Патем, многу сака риба …

– Октоподот е нешто што никогаш не го јадеме во Македонија – додава таа.

Последен пат била во Прилеп во август. Патувањето со автобус било долго и тешко, но дома си е дома. Била борбена на мајка í, а нејзиниот грб од џудото станал прав како пушка.

Магистрилара на кинезиологија. Дипломата í била нострифицирана во Хрватска. Знаењето го пренесува на помладите генерации.

Prilepcanka trenira judo klub vo  Hrvatska

Loading