ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Пакет од 500 илјади денари

Здружението на пензионерите ја потврдува хуманоста. Покрај веќе распределените 300 илјади денари пред Велигден, претседателите на сите 19 разграноци направија списоци на 500 членови со ниски примања, за кои се подготвува новогодишен ваучер од по 1000 денари .

-Ова се пензионерски средства. Годинава имавме помалку активности, поради пандемијата. Останаа средства од неорганизирани екскурзии и други акции. Имаме повеќе приходи, отколку расходи. Затоа ќе се доделат по 1000 денари на најзагрозените членови – вели претседателот Славко Трајкоски.

Инаку, Здружението инвестираше околу 30 илјади евра за купување на нови простории во Точила. Вложени се околу 600-700 илјади денари во опремување со клима апарати на сите 13 клубови. Комисијата за здравство додели еднократна помош. Или Здружението потроши околку 2,5 милиони денари за членството.                                                                                                                                          

Loading