„АЛО“ ЗА ДОСТАВА НА ХРАНА И ЛЕКОВИ

VOLONTERI - TELEFONIСо ,,ало,, на телефон, волонтери испорачуваат храна и лекови на старите и болните. На телефонските броеви 072 333 800 и 072 333 900, секој ден од 8 до 16 часот, старите, болните, изнемоштени лица со хронични заболувања, како и лицата со посебни потребни, можат да побараат помош за набавка и достава на храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезинфенција. Општината ги стави во функција телефонските броеви, а волонтери ги испорачаат дома нарачките.

– Волонтерите од општината и спасителната служба Златоврв се со акредитација, видлива за граѓаните, опремени се со заштитна опрема за поголема лична заштита и заштита на граѓаните кои ги опслужуваат. Ги посетуваат граѓаните во домовите и со средства од граѓаните ги набавуваат потребните артикли од маркетите и аптеките по избор на граѓаните. Потоа ги доставуваат во нивните домови – објаснува градоначалникот Илија Јованоски.

Целта е да се заштитат најранливите категории од коронавирусот и да се намали можноста од нивно изложување на ризик од инфицирање со заразната болест.

Loading