АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Познато е дека историјата ја пишува победникот, а  тој што ништо не победил ја фалсификува!

x

Драмите со самозалажување во младоста се претвораат во трагедии во староста.

x

Коњот на шаховската плоча не го употребувај како магаре.

x

Носи товар што можеш да го поднесеш, а не таков со кој  само се перчиш.

x

Од дилетанти не се очекува никаква добивка.

x

На прашањата за војна одговори можат да се обезбедат само во мир.

x

Проблемите во домот не се решаваат во домовите на соседите.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading