СЛАТКА СМЕСА ЗА РАСТ НА ИМУНИТЕТОТ

Корисни својства на медот и оревите

med

Медот и оревите се многу здрави и моќни намирници. Се препорачуваат во ладните зимски денови и пролетта кога владеат вирусите. Докажано е дека содржат голема доза на витамини и минерали кои благопријатно делуваат врз организмот и за ослободување од многу опасни болести. Затоа треба почесто да се јаде мед со ореви. Меѓудругото се корисни за емотивен стрес или при тешка физичка работа.

При редовната консумација на мед и ореви минуваат главоболките, се нормализира системот за варење и доаѓа до ослободување од опстипација. Помага за побрза закрепнување после раѓање. Медот и оревите се незаменливи за женското здравје, оти го подобруваат движењето на крвта, а со тоа го зголемуваат и либидото. Го јакне имунитетот со секојдневна консумација на мало количество од смесата. При настинка, помога за брзо ослободување од затнатиот нос и воспаленото грлото. Погодна е за анемични оти содржи железо, цинк и манган. Медот и оревите ги стабилизираат метаболитичките нарушувања. Се препорачува при интензивна умствена работа за подобрување на концентрацијата. Оревите содржат состојки за ублажување на ревматичните болки.

Смесата лесно се приготвува. Се мешаат двете состојки во еднаков однос, на пример 500 гр. мед со 500 гр. ореви, и се додава сок од еден лимон. Се меша и се чува во тегла. Се кКонсумира по 1-2 лажици трипати дневно. Во зима слабее имунитетот и организмот е подложен на различни инфекции. Со мед и ореви се јакне организмот и се чува здравјето.

Loading