Тајната е многу едноставна. Солта треба да се растопи и потоа нема причина за преточување на зелката. Никогаш не се расипа. На 10 литри вода одат некаде 300 гр сол. Или 60-65 кг. зелка во буре од 120 литри, се потребни 65 литри вода и околу 2 кг. сол. Добро е зелката да е во различни тврди главици.
На зелката í се отстранува коренот (кочанот), се засекува со нож како квадрат околу коренот. Се отстранува дебелиот дел и се вдлабува зелката. На дното од брето се редат неколку главици со вдлабнатините свртени нагоре. Празнините се полнат со сечена зелка. Долниот слој треба да е цел исполнет со зелка. Во секоја зелка се ставаат по 2-3 супени лажици сол. Така се реди бурето до крај.