ЦАРСТВО ЗА ГУРМАНИТЕ

purce

Скара на кило во месарницата Пурче

120415457 998346273942229 5311299196372830268 n

Месарската традиција на своите предци ја одржува во кондица со години потомокот на семејството Пурчески, Илија. Не само што го чува вековниот “занает” и му претставува извор за егзистенција, ова колено го унапредува бизнисот со месо. Од класична месарница, касапница, во новиот дуќан кај Вишата економска, Илија, со имагинација и дух за бизнис, занаетот го усогласува во дослух со времето. Покрај квалитетните сите видови на свежо месо кое блеска во сјајот на беспрекорно хигиенските разладни витрини, аранжирани со зеленчук, тој ангажирал скараџии кои на место или по порачка го печат избраното месо на скарата и ќе го транспортираат со такси до секој дом. Практично се нуди скара на кило со далеку пониски цени од угостителството. Вкусното месо печено на жар се нуди од 200 до 400 денари за килограм. Меѓу другото, атрактивен е пакетот на три парчиња месо на скара за 100 денари. Менито е збогатено со понуда на печено месо во фурна. Може да се нарача и прасешко, јагнешко, и пилешко, и коленици ширдени и ребра, ролат… од 200 до 850 денари за килограм. За на брзина, секогаш се подготвени сендвичи со класична и ловечка плескавица, стек и колбас.

124687095 1032681443842045 8800680246152057581 n

Месарницата Пурче е единствена во земјава која на трпезата може да донесе некој специјалитет од зреено јунешко месо во сопстена продукција. Специјално подготвеното месо од одреден дел се третира во процес на зреење кој трае најмалку 15 дена. Ваква европска понуда е привлечна за мераклии и гастрономи. Тој го совладал начинот на подговока на зрееното месо кое се нуди како новина во градов.

Гастономските мајстории на Пурче за мераклиите на храна може да се побараат на телефоните 071 621 592 и 078 204 608. 

CIMG3178

Loading