ЏЕПНИ КОМПЈУТЕРИ ЗА 20 ДЕЦА

Во Мало Коњари

dzepni kompjuteri vo konjari

Британскиот совет донира 20 микро бит, џебни компјутери во ОУ “Страшо Пинџир” во селото Мало Коњари, како дел од програмата “Училишта на 21 век”. Програмата, спроведувана во партнерство со релевантни образовни институции во секоја земја, ќе им овозможи на учениците од 10-15 години да стекнат вештини за критичко размислување и решавање проблеми. Покрај тоа, децата ќе совладаат и практични знаења за програмирање преку физички компјутери.

Џепните комјутери ќе се користат за различни предмети за решавање на секојдневни проблеми. На децата тоа ќе им овозможи да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин.

Вештините за решавање на проблемите, критичкото размислување, дигиталната писменост и креативноста се клучни за успехот и поттик за развој на инвентивноста.

Loading