Носете маски затоа што кај вирусот нема привилегии.
X
Плиткоумните може само да не доведат до работ на длабока бездна.
X
Не оставајте грев пред врата, може да ви влезе внатре.
X
Кој спие сам не може да ги разбуди другите.
X
Каде е најтенко може да биде и најостро.
X
За да се разбере светот не е доволен погледот низ клучалка.
X
Минатото е корен на стеблото на сегашноста и цветот на иднината.
“Д-р Хаџи-Васков”