7 МОЌНИ НАРОДНИ ЛЕКОВИ ЗА СМИРУВАЊЕ НА КАШЛИЦА

 

kaslicaПовремената кашлица го олеснува нормалното дишење, бидејќи обезбедува проодност на дишните патишта. Меѓутоа, може да биде упорна, иритирачка и заморувачка. Го спречува одвивањето на секојдневните обврски и го нарушува нормалното спиење. Ако е проследена со густ секрет, таа е продуктивна кашлица. Без секреција е сува. Најчесто е последица од инфекција на горните дишни патишта, како што грип, настинка или воспаление на синуси. Потешка кашлица укажува на оштетување на белите дробови, покрај инфекцијата, како што е воспаление на бели дробови и акутен бронхитис. Кај астма доаѓа до стеснување и воспаление на дишните патишта во белите дробови. Тоа предизвикува кашлицата да се засили навечер или после физичка активност. До оштетување на белите дробови доаѓа и после долготрајно пушење, кое предизвикува карактеристична пушачка кашлица.

Упорната и долготрајната кашлица исцрпува и го слабеа организмот. Овие рецепти од народната медицина ги закрепнуваат и ги заздравуваат белите дробови во најкраток рок на природен начин. Тие се успешни, оти се испробани. Ја разградуваат секрецијата од дишните патишта и ја смируваат сувата и надразнувачка кашлица.

1. Лажица питом босилек се прелива со 300 мл. врела вода и се остава поклопено 10 минути. Се процедува и се засладува со лажица мед. Се пие трипати дневно по една чаша пред јадење. Терапијата трае до оздравување.

2. 800 гр мед, 200 мл. ракија домашна и 800 гр. свеж несолен путер. Се мешаат (најпрво медот и омекнатиот путер, потоа со млаката ракија). Се консумира секое утро на гладно, по 2 лажици 30 дена.

3. 150 гр. овошен сок свежо исцеден, 150 гр. сируп од бозел (од плодот) и 150 мл. липов чај. Заедно се мешаат и се ставаат на оган на еден ,,клуч,,. Потоа се додава една лажица мед. Се пие топло повеќепати дневно по една мала чаша.

4. 3 лажици лист од тимијан се преливаат со половина литар врела вода. Се поклопува и се лади 2 часа. Се процедува, се засладува со мед и се пие секои 2 часа по една лажица.

5. По 20 гр. лист од тегавец (женски), бел слез (цвет), подбел (лист) и коморач. Состојките ги има во билна аптека. Се земаат 3 лажици и се преливаат со половина литар врела вода, се поклопуваат, па после 3 часа се процедува, се засладува со мед и се пие секои 2 часа по 1 лажица.

6. По 25 гр. анасон, коморач, сладок корен и мајоран. Се зема 1 лажица од мешавината, се прелива со 200 мл. врела вода, се поклопува, па после 2 часа се процедува и се пие после јадење.

7. Се земаат по 20 гр. тегавец (лист од машки, долгнавест лист), бел слез (цвет), подбел (цвет и лист) и коморач. 3 лажици од мешавината се прелива со половина литар врела вода. Ссе остава поклопено 3 часа, се процедува, се засладува и се пие по една лажица секои 2 часа.

Loading