ЕВРОПСКИ НАСТАП ВО ФЕВРУАРИ

Пинг-понг

Есенскиот првак во македонската Супер лига Младост 96 пријави учество во Трофејот на Европа, третиот по вредност куп на Европската пингпонгарска унија. Мечевите ќе се играат турнирски, со по 4 екипи. Две ќе одат во наредното ниво. Првиот турнир, со екипи од Балканот, ќе биде на 20 и 21 февруари 2021 година, а кандидат за домаќин е токму Младост 96. Доколку се обезбедат услови според европските критериуми, ќе се игра во некоја од прилепските сали, а алтернатива е Скопје.

Се очекува ждрепката и одлуката за градот-домаќин.

Loading