Ракомет: Поради пандемијата
Корона-вирусот го наруши планот за есенскиот дел од Ракометната супер лигата за мажи. Првенството стартуваше на 11 септември, но се одиграа само 6 кола. Екипата на РК Прилеп дома загуби од Металург и Бутел, го совлада Младост, на гости го победи Работнички, одигра нерешено со Тиквеш, а синоќа играше со Еурофарм Пелистер 2 во Битола. Претстои пауза, по која е мечот со Металург во Скопје. Тренерот Горан Кузманоски ги има: Христоски, Цинцадзе, Ангелески, Вренцоски, Рустамов, Трајкоски, Павлов, Шокоски, Карафилоски, Чантурија, Амзоски, Гавашелишвили.
Уште помалку е одиграно во Женската лига којапочна на 18 септември. Екипата Деспина дома го совлада Спартак, загуби од Чаир, на гости ги совлада ЖРК Гевгелија и Пелистер и загуби од ЖРК Куманово. Денеска е дуелот со Вардар во Скопје, потоа дома со Металург и Шампион, на гости кај Овче Поле во Свети Николе. Тренерот Страшо Илиески ги има ракометарките: Богеска, Димитриеска, Ристевска, Боризоска, Рипилоска, Ристеска, Камческа, Цветкоска, Спиркоска, Димитрова, Еленин, Седлоска, Миноска, Аризанова, Конеска и Филипоска.