ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (68)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Сепак земјоделската задруга Велјан Новачески во село Марул управувана од кадар само со на лица со четврто одделение и покрај големите давачки према државата, волна, жито и месо за тие четири години од нејзиното постоење не протрпе ниту една фамилија во с. Марул од глад. Како што имаше во другите села поготово во пелагониската рамница.

Во почетокот на месецот април во 1953 година селската земјоделска задруга наречена колективот Велјан Новачески се расформира. Како најважно беше меѓите на нивите не беа поништени. Сите фамилии си ги презедоја своите нивје. Од крупната стока поготово волови каде имаше позајмено секој си ги доби назад. Ситната стока колективните овци се преброаја и на секое домаќинство му се доделија по пет овци. И во приватниот сектор секое домаќинство имаше право приватно да има само пет овци. Остатокот од колективните овци му се враќаа на стопаните според бројот на внесените за време влегување на домаќинствата кога влегуваа во колективот есента во 1949 година.

Недостатокот на ситна стока на овци на домаќинствата му се доплатува со продадена волна и жито од резервниот капитал. Имаше фамилии, домаќинства кои имаа вишок надници од нивната заработувачка и тие му се исплатија на трудбениците од резервните пари од касата на задругата. Расформирањето на колективот во Марул заврши мирно без никакви забелешки. Народот почна приватно да си работи. Престанаа сите весели песни на аргатите идејќи си навечер од работа. Сега аргатите наутро во мугрите излегуваа на работа, навечер во мракот се враќаа уморни дома.

Многумина марулци жалеа за растурањето на колективот затоа што поретко осамени без џагор и средби меѓусебни го врвеа времето. Селската задруга наречена селскиот дом или канцеларијата онеме без никаков џагор и новинарски карикатури од разни профили.

Покрај празнината, осаменоста на задружниот дом му остана една грда слика во внатрешноста на домот во приемната просторија за поголеми собори. Во зимата помеѓу 1952/53 година на едно вечерно собрание имаше запалено дрвен ќумур со полн манган за топлење на просторијата. Просторијата се затоплила со повисока температура. Беше ги отвориле северниот и јужниот прозорец на просторијата за да се излади просторијата. Завршила конференцијата, насобраните луѓе се разотидоа, дувна силен ветер од северот, манганот со ќумурот беше превртен на штичениот под, се запали подот, почна од изгорениот под да летаат искри од подот од силниот северен прозор искри преку јужниот под. Отидоа марулци пожарот го угасија, ама дел од патосот беше оштетен. Негрижата присутните си ја префрлале еден на друг, подот се оштети, не се поправи никогаш затоа што по кратко време колективот се расформира, сторителите за негрижата остана ничија грешка.

Во есента 1953 година колективната зграда во с. Марул ја зеде општината од с. Тополчани одделението  народна одбрана за обука на младината пред да заминат на отслужување на воениот рок. Оваа воена обука траеше од две недели, 14 дена, имаше на обука од повеќе села. Сите соби на зградата беа зафатени со постели, сламарици за спиење на младите воени вежбари. Командант на овие млади вежбари беше подмолецот Дамјаноски Димоски Петре.

За време додека траеше воената обука за предвојничка се случи една пеливанска борачка помеѓу прочуениот марулски аматерски борач Василоски Милан и младиот канатларски пеливан дојден на предвојничка обука во с. Марул.

Канатларскиот млад пеливан често пати во утринското време во стројот на сред село чукајќи се по бутовите го предизвикуваше Милан за борење. Ела бре ѓавур да се бориме. Јас сум ранет со овчко месо од бравови ладено на бунаро во бостано во кофа. Си нашол турските пеливани од Измир уморени. Сето тоа Милан го избегнуваше со изговор, јас сум стар. Канатларското пеливанче го испровоцира Милан со зборовите, ти можиш да држиш за ушите еден домуз да ти прави убава музика. Турчето немаше разбор. Сепак неговите навреди го натераа Милан да прифати борење со него.

Милан го повика Турчето, команданто на вежбарите Димоски Петре и селскиот одборник Јованоски Цветан Крушка. Утре до пред пладнина ја досевам нивата во Каракамен и по ручекот на вежбарите ќе се бориме во мојата корда има доста гној од пашитите говеда кои прележуваат преку ноќта тука е меко за да не се повредиме, а едниот ќе биде победник рече Милан.

Таа миланова одлука се прошири брзо на сите страни во селото и во околните села. Сите сакаат на дело да го видат Борачот Милан за да се бори. За наредниот ден Милан пред ручек си дојде од орање, руча дома и го чека времето за борење. Веќе од христијанските околни села, од Рувци, Штавица, Бонче, Подмол кој роднини, пријатели на Милан пристигнаа на чајрот во боречката арена кај кордата на Милан.

Канатларските Турчиња веста ја пренесле во с. Канатларци да нивниот пеливан ќе се бори со Милан кај канатларчани и со запрежни коли, преку десет коли коњски полни со публика пристигнаа на чајрот кај кордата на Милан. Многумина марулци за да го видат на дело како Милан се бори. Меѓу насобраните марулци, нас учениците учителката Котеска Драгица и служителот Јован Новачески за да ја гледаме таа борачка кај милановата корда. Уште незапочната борачката Турчето шета во кордата и вика со висок предизвикувачки глас, јас тебе ќе направам сарма во твојот корда во Марул. Одлуката е донесена, борењето да биди на чајрот во наредниот ден во кордата од борачо Милан во наредниот ден после занимањето на воените омладински момчиња.

Продолжува

Loading