ПРИЗНАНИЈА ЗА МЕСНИТЕ РАКОВОДСТВА

За денот на пензионерите

penzioneri sl

Корона кризата ги редуцира пензионерските активности не само во Прилеп. Сепак месните разграноци не беа пасивни. Со малку инвентивност и иницијативи и со почитување на мерките за заштита, евидентна е мобилноста на возрасната категорија на граѓаните. Веќе се адаптирани новите клубови во Бончејца, Точила, Сточен Пазар и во селото Обршани. Се чека ,,да се крене рампата,, за слободно дејствување и да се отворат вратите. Просториите се подготвени. Набавени се маси и столици, телевизори и други реквизити. Во меѓувреме раководството на Здружението на пензионерите набави десетина клима апарати за греење и за ладење на просториите на клубовите.

Со помалку проби се подготвуваат членовите на КУД Пензионер и Пенка Котеска за одржувањето на регионалните ревии на музика, песни и ора.

Инаку, Денот на пензионерското организирање, 20 септември, се одбележа со доделување на благодарници на претседателите на сите 19 разграноци на Здружението за успешните активности и за придонес во создавањето на подобар живот на пензионерите во вонредни околности.

Loading