ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (64)

uciliste

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

4. Чона Петелеска мажена во с. Маково, име на момчето не е познато. Чона имала едно дете женско го крстиле Ѕвезда. Ѕвезда била единаче на родителите, нејзе и зеле домазет, име непознато. Ѕвезда и нејзиниот домаќин домазет исто така имале едно дете. Чона ја омажиле во с. Маково за куќа да смени, потомството да се намножи, зголеми. Така предвиделе бајачките и гледачките. Ѕвезда и нејзиното момче со име непознато, во нивниот брак имале едно дете женско, го крстиле на баба и Чона. Внуката Чона и таа е омажена во с. Маково, за момче засега непознато. Внуката Чона и нејзиното момче во бракот имаат три деца: Видан, Ристе и Ѕвезда. Но нејзиниот маж се разболува и умира. Чона се премажува за Петрески Аце Бабјак од с. Марул. Со овој брак на Чона со Аце има едно дете Ќиро. Ќиро деца: ќерка мажена за Атанасоски Боге во Маково.

5. Петелески Трајко преселен во с. Брник, Мариово. Жена на Трајко непознато, деца Недан, жена непознато, дете Трајко. Ова потомство е пошироко но причината е во тоа што сме многу одалечени едни од други, комуникацијата е слаба и со времето родството се одалечува генерациски.

Се сеќавам кога во 1976 година, кога стрико ми Благоја го женеше синот Гулаб за мало деверче, имале покането од родата од потомството од с. Брник преселени во градот Битола и с. Мусинци.

6. Петелески Боше доселен во с. Подмол. Боше фамилијарно од Лопатица се доселил во с. Подмол, името на неговата жена е непознато. Боше и Бошејца имале едно дете машко по име Митре. Се оженил Митре, името на неговата жена не е познато. Митре и Митрејца имале четири деца: Трајан, Анѓеле, Веле и Блаже. Трајан, жена Спасија Котеска од с. Подмол, деца четири: Ванѓел, Драган, Најденко и Павле. Блаже, жена Мара Дурмоска од с. Прилепец. Деца две: Петре и Цена. Анѓеле, жена Иваноска Илинка од с. Подмол, дете едно Горица. Веле, жена Мара од с. Ерековци, деца четири: Ѕвезда, Кита, Митре и Цена.

За оваа историска тема за потомството Петелески од с. Петеле, леринско секогаш се зборуваше од нашите постари баби, сестрите Трајана, Јованка и Менка Степаноски од с. Лопатица, прилепско кога ќе дојдеа на верските денови Богородица или на Петковден во с. Марул. Трајана му беше мајка на татко ни Јовчески Ванѓел.

Раскажано од синовите и керќите на баба Јованка, Ванѓел, Николе, Весела, Рада Котеска од с. Лопатица. Раскажуваше и Илија Малинкоски Штавичанец роден потомок на Ристе Петелески беше домазет во с. Марул.

Раскажува ќерката на Весела Тасеска Миладинка родена во с. Пдомол, мажена за Цане Стојкоски Ѓакоски од с. Штавица. Раскажала Илица Лозаноска Јованка од с. Подмол, родена во с. Штавица, ќерка на Дојчин, втори Петелески. Нема да го заборавиме раскажувачот Јовчески Ванѓел од с. Марул, син на Трајана Степаноска, Петелески потомок.

Исто така имаме раскажувачи за Бошевци од с. Подмол, тоа се Тошески Ќиро и Жарко. Синот Жарко по мајка му Петра е потомок Петелески. Трпковски Раде од с. Орле е раскажувач за Ѓорѓијоски Анѓеле, роден во с. Штавица, потомок на Ристе Петелески. За потомството на Чона Петелеска од с. Маково раскажувач е Темјановски Мијајле и Атанасовски Петруш од с. Маково. Внука од синот Ќиро на од Чона втора е мажена за Атанасовски Боге од с. Маково.

Со темата за потомството од Петелевци направивме големи напори да го опишеме нивното потомство. Сепак останаа повеќе имиња непотврдени од машки и женски пол. Колку што ми дозволи нашето знаење ги опишавме потомствата на петелеските фамилии од браќата Коста, Дојчин, Ристе,Трајко, од сестрата Чона и од брачедот Боше, сите од с. Петеле, леринско. Преселени во с. Лопатица, прилепско подоцна раселени во околните села во Пелагонија и Мариово.

Нивните потомства се опишани до третото поколение, а додека потомството на нивниот брачед Боше преселен во с. Подмол е запишано до четврто поколение. Најверојатно ќе има направено некои пропусти поради ова историска работа е пренесена усмено, не е документира писмено. Затоа бараме извинување во случај на грешки и сестрана соработка со сите заинтересирани лица за ова тема. Баба ми Трајана Степаноска, мајка му на мојот татко родена во 1879 – 1954 велеше нашите храбри дедовци си ја спасиле христовата вера и македонската националност. А додека Илија Кадијата во пошироката јавност и во прилепската чаршија беше познат како еснавџија човек.

Покрај Илија Кадијата уште неколку марулци ги имаше попрочуени надвор од Марул низ прилепската чаршија и пошироко. Тоа беа Танески Стојче имотлија, Павлески Ванчо ловџијата, Василоски Милан Борачо, Јанкоски Ристе војводата, Павлески Трајан имотлија и Јованоски Цветан Крушка политички оратор – говорник.       

Продолжува

Loading