ИЗЛОЖБА НА ВЛАДИМИР ЗДРАВЕСКИ

vladimir zdraveski,,Микроманипулации,, е насловот на отворената тематската изложбата на Владимир Здравески во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Претставени се девет дела од последните истражување на микроскопски записи од разни органи и други ситуации кои се дел од микросветот. Предизвик е да се извлече микроситуација од микро во макропростор.

– Навлегувањето  навнатре во микросветот) и континуираното ширење ја изместија перцепцијата за тоа што е големо и мало, далеку и блиску, микро и макро. Сето тоа заедно е како флуид кој непрекинува – вели Здравески.

Здравески е дипломец на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ. Добитник е на наградата ,,Борко Лазески,, за инвентивни достигнувања во областа на сликарството на ФЛУ.

Loading