На 28 и 29 август
Вечерва и утре, по 46-ти пат ќе се одржи традиицоналниот Фестивал на народни инструменти и песни ,,Пеце Атанасовски,,. Вечерва на камената бина ќе се одржи првата вечер, а продолжението на Рудина во Долнени.
Фестивалот почна со семинар за ,,Традиционалната култура во прилепското поле,, и продолжува во ликовниот салон со симпозиумот на тема ,,Фолклорот во минатото и денес,,. Ќе се промовира и зборник на трудови.
Беше отворена и изложба на народни носии и традиционални експонати во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,.
И во корона атмосфера се презентира фолклорот, се разменуваат искуства и се чуваат драгоцените вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворни песни.