ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (63)

crkva marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Потомството на Петелевци

1. Коста во с. Лопатица, прилепско, жена непознато. Деца: Доста и Божна. Доста мажена за Николе Степаноски во с. Лопатица.  Деца пет: Трајана, Јованка, Менка, Степан и Мара.

Трајана мажена за Јовчески Ристе во с. Марул. Деца три: Ванѓел, Благоја и Роса. Јованка мажена за Колески Коте с. Лопатица, деца седум: Весела, Босилка, Ванѓел, Љуба, Рада, Божана и Николе.

Менка мажена за Јованоски Димко Куцијо од с. Беровци, преселен во Прилеп. Деца пет: Васка, Вита, Нада, Благоја и Мара.

Степан, жена Стојанка Шипинкоска од с. Чаниште. Деца две: Добре и Кита.

Мара, мажена за Митре Кулев во с. Крушевица. Дете едно, Трајанка. Втор маж на Мара, Џинкоски Петре во с. Ерековци. Деца две: Крсте и Ристана.

2. Петелески Дојчин во с. Штавица. Жена, непознато. Дете едно: Јованка. Јованка е домазетица во татковата куќа.

Дојчин е женет за Дојчиноска Трајана од с. Бонче. Деца две: Цвета и Јованка. Цвета мажена за Милан од с. Прилепец. Деца две: Павле и Славе. Јованка е мажена за Илија Карбески од с. М. Рувци. Деца две: Ристе и Даница. Вториот маж на Јованка е Илија Лозаноски од с. Подмол. Деца две: Петра и Миле.

Велика е мажена за Димко Мелезо од с. Штавица. Деца четири: Благоја, Ванѓа, Дончо и Трајана. Благоја, жена Љуба Чурлиноска од Штавица. Деца три: Бранко, Киро и Трајан.

Ванѓа, маж Ристе Пожарески од с. Ерековци. Деца: Мице, Љубе и Пецо. Дончо, жена Дуна Бутеска од Штавица. Деца: Цане и Славица. Трајана, маж Киро Пашоски од Штавица. Деца три: Ванка, Зорка и Тони.

3. Петелески Ристе во с. Штавица. Жена непознато. Деца две: Димана и Стојанка.

Димана мажена за Малинкоски Стојко во с. Штавица. Деца четири: Аце, Ѓорѓија, Илија и Стевка. Аце оди на печалба во Америка со бродот Титаник во 1912 година. Бродот Титаник пропадна во Атланскиот океан, меѓу многуте патници и Аце со нив. Ѓорѓија женет од Пашовци од Штавица, име непознато. Овој брачен пар имал едно дете машко, го крстиле Анѓеле, на дедо си. Набргу родителите на Анѓеле му умреле. Сирачето Анѓеле го дале ранениче во с. Орле кај Ѓорѓијовци. Анѓеле се оженил, името на жената непознато. Брачниов пар има четири деца: Ѓорѓија, Весела, Драгица и Никола.

Илија оди домазет во с. Дуње, името на жената непознато. Набргу му умира жената на Илија, не оставила потомство. Во 1932 година Илија оди за домазет за вдовицата Дуна Најдојца Стеваноска Гулабоска во с. Марул. Дуна и Илија имаат две деца: Алексо и Илина.

Стевка, мажена за момче непознато кај Мицковци во с. Загорани. Деца четири: Горица, Коле, Димка, додека четвртото дете со име непознато нема потомство. Втората ќерка на Ристе Петлески се вика Стојанка, таа е мажена кај Колимагаревци во Штавица, името на момчето непознато, има четири деца: Ѓорѓија, Насте, Трајан, Трајан. За четвртото дете име непознато и нема потомство. И Насте нема потомство, умрел млад. Ѓорѓија оди домазет во с. Штавица за Трајана кај Стојан Жолтиот, доселен од с. Крушевица, Мариово. Деца две: Јове и Лозан. Насте нема потомство, умрел млад неоженет. Трајан, жена Севда, деца Три: Божна, Менка и Стојанка.

Продолжува

БОГОРОДИЦА МАЛА

 

Рождество на Богородица мала

во Марул е селска слава

камбаната в црква од мугрите тропа

народот за прослава го вика.

 

Толпа од народ почнува да иди

дневната прослава за да ја види

гостите в црква свеќи си палат

 

на упокоените почит му оддаваат.

Свештеникот в црква богослужба држи

со причесна и нахора на народ му служи

секој има право причесна да земи

ако на Бога духовно му служи.

 

Домаќинот со погача в црква оди

свештеникот благослов да му дади

на залаци тој погачата ја дели

да има секој од нејзе да земи.

 

Нов домаќин в црква се бира

оддаден да е на Бога и вера

неговиот мандат година дена траје

на годината мандатот ќе го предаје.

 

За лицитација сите подароци се вадат

за продажба нив ги нудат

највисока цена кој ќе дава

од робата тој ќе зема.

 

Оркестарот активен е со ора и песни

музиката негова надалеку таа трешти

секој нејзе што ќе ја слуша

за в година добре дошол тука.

 

После ручекот гостите си одат

со домаќинот тие збогум земаат

со пофалби за неговиот дочек

и в година да има ваков пречек.

 

Томе Велјановски Марулецот

Гетеборг, Шведска

Loading