ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (62)

crkva marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Крвната лоза на Малинкоски Илија по мајка му Димана

Во предминатиот век помеѓу годините 1860/70 македонските брачеди Боше и Коста со христијанска вероисповед со своите фамилии во с. Петеле под Битола во леринскиот крај, фамилиите биле момци кај некој си бег му ја обработувале неговата земја за корка леб. Коста имал повеќе браќа и сестри кои живееле во заедница: Коста, Дојчин, Ристе и Трајко. Сестрите биле: Божна, Доста и Чона. Браќата и сестрите биле оженети и имале свои фамилии, а девојчињата Божна, Доста и Чона биле сеуште мали, но биле многу лични.

Бегот фрлил око на девојките, рекол да ќе му најди момчиња муслиманчиња да се мажат за нив и да прејдат во исламот.

Браќата на триве сестри му одговориле на бегот, Ефенди бегу ќе ви ги дадиме нашите сестри – чупина сите да ги земите потајно во четврток навечер поради вашиот свети празник неработен ден ви е Петок и ќе можите слободно да си правите ваши веселби на свадбите. Ако ви ги дадеме на нашиот празник неработен ден во Недела каурите ќе видат и ќе ни се смеат дека ја погазуваме нашата христијанска вера. Договорот го направиле, земањето на сестрите Божна, Доста и Чона да бидат земени навечер во четврток денот.

Вечерта во денот четврток дошле турските сватови на чело со бегот вјавајќи на дотераните нивни коњи, ама не голема група. Времето било топло и домаќините Бошевци им понудиле на Турците поради во пондилата е топло и за кратко време од нивниот престој коњите да ги врзат во дворот. Турците пристанале на тоа, коњите домаќините ги врзале во дворот и му донесле сено да јадат додека гостите бидат тука.

Гостите турски заедно со домаќините влегле дома, поседнале на местото за гостите. Домаќините биле само од машкиот пол без ниту едно лице од женска пол, кои пред време фамилиите од женската пол и децата ги иселиле во с. Лопатица, прилепско. Неколкумина од домаќините преправени во носиите како да се жени и ги служат гостите со слатки работи, чај и кафе. Во кафето и чајот туриле по некоја капка комова ракија без да се осети да има нешто во пијалокот за да ги замелушат во мозокот.

Домаќините откако виделе да Турците почнале да чмеат во мозокот, домаќините договорени сите излегле надвор од куќата. На врата го ставиле катанецот, прозорците биле заштитени со дебели метални шипки заштитени од кражби. Куќата била покриена со ржаница. Домаќините куќата со кибрит ја запалиле на сите четири страни. Турците се обиделе да излезат, не можеле и сите турски гости изгореле внатре во куќата. Дошле селаните да поможат да го изгаснат и да ја спасат куќата од стихијата на пожарот. Турските гости вооружени со пиштоли и пушки со редици фишеци за пиштолите и пушките загреани од огнот почнале да пукаат на сите страни во куќата. Селаните од селото Петеле увиделе не можат никаква помош да дадат се разотишле дома, му останало жал за изгорените Бошевци во куќата. Веќе се дознало да изгорените луѓе во куќата не се Бошеските луѓе, него се непознати луѓе, некојси арамии и на тој начин турските власти го смалиле интересот подетално да испитуваат за изгорената куќа во с. Петеле.

Браќата Дојчин, Коста, Ристе, Трајко и братучедот Боше како пиромани на сопствената куќа откако ја запалиле, ги вјавнале гостинските турски коњи и во ноќта дошле до под Битола под пелистерските села, ги оставиле коњите тука и преку ноќта си дошле кај своите фамилии во с. Лопатица, прилепско. Како нови доселеници лопатичани ги разбрале од каде се и ги завикале Петелевци.

Новодоселените Петелевци немале мир во себе за да ги осигураат своите фамилии од некое откривање од страна на турските власти, за да не бидат сите животно настрадани направиле план. Девојките Божна, Доста и Чона ги омажиле. Божна ја омажиле во с. Подмол за Кржески Лозан. Доста ја омажиле тука во Лопатица за Степаноски Николе. Чона ја омажиле во село Маково за момче, засега име непознато. Исто така, браќата Коста, Дојчин, Ристе, Трајко и брачедот Боше направиле делба. Коста останал во с. Лопатица кај ќерката Доста и зетот Николе да се догледа и е погребан во село Лопатица. Двата браќа Дојчин и Ристе се преселиле во с. Штавица. Трајко се преселил во с. Брник, Мариово, а додека братучедот Боше се преселил во с. Подмол.

Сите браќа и сестри оставиле потомство во новите живеалишта. Единствено Божна кај Кржевци во с. Подмол оставила пократко потомство до синот Стеван, до ќерката Јованка каде нејзиното потомство повеќе не постои. Братучедот Боше во Подмол има оставено големо потомство.    

Продолжува

Loading