МИСТИЧНОТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ – ПРАЗНИКОТ НА СВЕТЛИНАТА… НА ОНАА НЕПРИСТАПНАТА

Празник

Crkva Preobrazenie

– Светата црква го востановила празникот Преображение Господово на 19/6 август, за време на Богородичините пости, пред празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица.) Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. На Преображение првпат се јаде грозје. Прилеп го има црковниот храм Св. Преображение, а на овој празник е посветена и манастирската црква во Зрзе. Заради пандемијата од Ковид 19  изсотанаа традиционалните црковно-народни собири. Го пренесуваме празничниот статус на ФБ на Емилијан Зелнички:

,,Вистински примери за совршената: цврста вера – Петар, нежна љубов – Јован и праведност – Јаков. Христос, откако ги зема со Себе, почнал да се моли.

Отците на Црквата ни велат дека Божествената благодат, која со оган го заплискува човечкиот дух во молитвата и во чистотата на животот, постепено, кога тој живот расте и расцветува под нејзино дејство, го проникнува целото човечко битие, ја исполнува со себе човечката душа и, прелевајќи се, го исполнува со себе и телото.

Grozje kako krst za praznikot  Preobrazdanje

И ете Христос во молитвата заблескал со истата божествена несоздадена Светлина, со која некогаш бил потопен Мојсеј. Таа Светлина отсекогаш Му припаѓала Нему. Христос се преобразил не во таа смисла, дека Самиот Тој станал нешто друго, туку Неговите ученици, со вера, со љубов, и со чистотата на животот, и отвореноста на душите свои за одење по Него, се покажале способни во некоја мера, слично на Мојсеј и Илија, да ја видат божествената и непристапна Светлина.

Grozje za Preobrazdanje

И таа Светлина, која се разгорува од божествената благодат не е само во Христа Исуса, вистинскиот Бог, туку и во секој човек, кој учествува во благодатниот живот и не останува само во човекот, туку се раширува и блеска наоколу, нешто слично како што блеска и нашиов храм посветен на Господовото Преображение и кој секогаш го осветлува Прилепов наш со истата таа божествена, несоздадена, силна и невечерна Светлина.

Полнотата на Божеството, збиена во човечката природа на Богочовекот. Сјајниот “Перихорисис” мириса на празненство. За многу години!,,.

На гората се преобрази, Твојата слава, Христе Боже, ја видоа

и колку што примаа Твоите ученици,

за кога ќе Те видат распнат,

да разберат дека страдањето е доброволно,

а на светот да му проповедаат,

дека Ти навистина си сјаење на Отецот.

Loading