КОМФИ АНГЕЛ ГРАДИ ПОДОБРО УТРЕ ЗА СИТЕ

Продолжува акцијата на хуманост

-Преку Црвениот крст ќе биде распределена парична помош на околу ат доделени 300.000 денари и продукти во истиот изноз за граѓаните кои останале без работа поради корона кризата

-Донацијата нема да биде еднократна, ќе продолжи и наредните месеци со очекување да се вклучат и други општествено одговорни компании

Comfy Angel - Donacija vo Crven  krst

Вработените на Комфи Ангел донираа 300 илјади денари на социјално загрозените семејства за подмирување на сметките за струја, вода и комунални услуги. Компанијата доделува и производи во вредност од 300 илјади денари. Дел од профитот од продажбата на заштитните маски ја донираат за подигнување на свеста за солидарност. Донацијата е наменета за семејствата во кои двајцата членови останале без работа, заради корона вирусот. Помошта за август ќе се распределува преку Црвениот крст. Планирано е да се опфатат најмалку 30 ранливи семејства на кои парите и производите им се најнеопходни. Комфи Ангел склучи договор со Црвениот Крст за донацијата наменета за социјално загрозени граѓани кои се соочуваат со финансиски потешкотии заради пандемијата.

– Благодарни сме што како компанија сме во позиција да помогнеме, бидејќи длабоко веруваме дека придонесиме за похумано општество.  Секогаш, посебно во вакви услови, компанијата се труди да помога секаде каде што е можно. Благодарение на нашите вработени, а во соработка со Црвениот Крст, Комфи Ангел одвои средства за социјално загрозени семејства на кои помошта им е насушна потреба. Како компанија веруваме во похумано општество. Сакаме, освен квалитетни продукти, да создадеме и други квалитетни вредности. Инвестиравме во машинскиот парк, производството на заштитни маски. На почетокот на пандемијата беше идеја за опшествен интерес, за општо добро, за да им помогнеме на здравството и населението, поради недостигот на заштитни средства. Потоа се воспостави доходовен производ за компанијата. Се покажа како добар финасиски импакт. Благодарение на зголемување на дополнителната вредност, поради интересот на македонскиот и на странскиот пазар, компанијата ја преброди дури и кризата. Чувствуваме морална одговорност и потреба да му вратиме на опшеството дел од добивката, да бидеме солидарни и да помогнеме. За овој месец издвоивме 300 илјади денари од добивката од продажбата на заштитни маски, плус стока за 300 илјади денари, преку Сомниа шоп, бидејќи сме благодарни за зголемената продажба он лајн. Ќе се распределат преку Црвениот крст на најмалку 30 семејства кај кои дури двајца членови останале без работа заради пандемијата. Се надеваме дека ќе влијаеме во подмирување на трошоците за живот. Повод е 19 август, денот на хуманоста – рече Ирена Јакимовска, менаџер на Комфи Ангел.

По примерот на Комфи Ангел, која е специјализирана за производство на јоргани, перници, заштитници за душеци, а сега и за производство на заштитни маски, се очекува да се вклучат и другите компании. Особено малите и средни фирми со зголемен приход од новонастаната состојба, а во рамките на своите можности. И тие да ја покажат солидарноста и одговрноста да помагаат на семејствата и заеднички да се гради здраво опшество.

– Инаку, проблемот ќе се врати назад како бумеранг. Зборуваме за идните генерации  кои живеат, а тие ќе работат во Комфи Ангел и ќе прават допонителна вредност. Да придонесеме за подобрување на нивната состојба, да им помогнеме и да задржиме здраво психофизичко јадро кај идните генерации. Затоа што стресот различно се одразува кај секого. Да се зголеми свеста во сите пори на живеење и функционирање на сите други компании – вели Јакимоска.

Хуманитарната акција ќе продолжи наредните месици со вклучување на други мали и средни фирми кои остварија приходи за време на пандемијата и се во можност да í вратат на општествената заедница, покажувајќи одговорност и хуманост. Со донацијата која ќе биде во континуитет, Комфи Ангел продолжува да гради подобро утре преку подобрување на животниот стандард на граѓаните. Постојано изнаоѓаат нови модели да придонесат за подобро општество.

Партнер на Црвениот крст

Од стартот на здравствената криза, Комфи Ангел солидарно е вклучена во социјално – хуманитарната дејност на Црвениот Крст на Македонија. Досега донирале над  5000 заштитни маски, 20 скафандери и друга заштитина облека, преку 100 пакети со храна, кои општинската организација на Црвениот Крст, преку својата мрежа, ги достави на семејствата на кои им била помошта најнеопходна.

Loading