МАНИПУЛАЦИЈА СО МОЈАТА ПЛАТА

Кирил Станкоски – Генерален директор на Тутунскиот комбинат

menagerski-tim-Tutunski-kombinat-780x470-678x381

 

Генералниот директор на Тутунски комбинат (ТКП) Кирил Станкоски ја квалификува изјавата на кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николски за инсинуација и атак. Тој на собирот во Прилеп праша зошто директор на ТКП, зема 3.500 евра плата месечно, или 5.500 евра бруто, а од друга страна тутунарите се понижени и неплатени.           

Станкоски е категорично наведува дека неговата плата и платата на менаџерите ги одредува бордот на директори. Тоа се проверува на акционерските собранија со извештаи за работењето. Тпј појанси дека јануарската плата била дополнета со додаток за неискористен одмор, а во април зел минимална о 14.500 денари. Разликата ја донирал за борба со корона вирусот.

-Со спогодба од Синдикатот се утврдува надоместот за неискористени денови од одморот, доколку вработениот тоа го побара. Лани искористив само пет дена од одморот и во јануари добив доплата за неискористениот одмор. Моите примања се јавен податок – вели Станкоски.

presmetki-za-plata1

Откако е директор, компанијата работи со добивка, наспроти пред три години кога загубата достигнала близу 95 милиона евра.

-Во 2017 година кога дојдов на функцијата, кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, а Николоски пратеник, загубите на ТКП беа 5,87 милијарди денари. Сменета е и структурата на акционерскиот капитал со три одлуки од 2006 до 2017 година. Издадена е втора емисија хартии од вредност, обични акции. Со вкупната загуба од 95 милиона евра на тогашните раководства комплетно е урната сопственичката структура. Од 35 отсто сопственост на државата, а 55 проценти на акционерите, дојдено е до 82 насто државна сопственост. Акционерите имаат само 10 проценти. Со тригодишни напори успеавме компанијата да ја доведиме со позитивни финансиски резултати. Лани добивката беше 700 илјади евра. Годинава со продавањето на вишокот тутун пак ќе имаме позитивен финансиски резултат. Платата на вработените е зголемена преку 25 насто. Секоја година се исплаќа К-15. Деновиве, според сите законски основи, ќе биде исплатен регресот од 21 000 денари изјави Станкоски.

Според него, годинава тутунарите се задоволни со откупната цена и со развојните субвенции.

Stankoski1

-ТКП им исплати на кооперантите 11 милиона евра за откупениот тутун. Движењето на откупните цени покажуваат дека во 2010 година, просечната откупна цена беше 136 денари, наредната година 164 денари, потоа 180 денари, па 152, а субвенцијата фиксна – 60 денари за килограм. Последниве три години, цените се далеку повисоки. Во 2017 просечната откупна цена беше 217,6 денари, во 2018 беше 214,2, а лани дури 220 денари. На ова, има развојна субвенција од 72 денари за килограм. Секој тутунар по килограм има приход од 290 до 300 денари или како секогаш што се велело дека еден килограм тутун треба да вреди коллку еден килограм сирење – рече Станкоски.

Тој оценува дека кооперантите на ТКП се задоволни, а компанијата бележи позитивни финансиски ефекти и остварува добивка.

Loading