ДАЛИ ПЛАТАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ТКП Е 3500 ЕВРА?

Aleksandar-Nikoloski-1024x576

Носителот на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека тутунарите се излажани и понижени, а нивниот труд не е ценет. Тутунот им се откупуваше по ниски цени.

Тој упати и неколку прашања до Заев.

-Со кој образ Заев го чува за директор на Тутунскиот комбинат што зема 3500 евра плата месечно, или 5500 евра бруто, а едно цело македонско семејство заработува толку за една година. Како ќе ги погледне тутунарите в очи – праша Николоски.

Loading