ОДГЛЕДУВАЊЕ НА СВЕЖИ ЗАЧИНСКИ БИЛКИ ДОМА

zacin

Одамна е познато одгледувањето на растенија на вода. Овој начин е еколошки чист. Билките се хранат од водата и со прихраната која се додава . Затоа не фаќаат болести и штетници. Не се прскаат со пестициди, ниту се додаваат разни опасни ѓубрива. Билките одгледани со аквапоника не само што се органски поквалитетни, туку се побогати со минералите и витамините од класично одгледуваните билки.

Аквапониката е наука. Еве еден мал сегмент за одгледувањето на зачински билки во домот. Лесно може да се обезбедат дома свежи билки при рака во секој момент. Потребни се стаклени тегли, свежа вода и грст свежи зачини. За да бидат билките бујни и постојано да растат, се прихрануваат со аквапонично средство, кое се купува од цвеќарници или земјоделски аптеки. Ако веќе се одгледува во градината или во саксии на балконот, снабдувањето со билките е лесно. Ако не, се земаат неколку гранчиња свежи билки од соседите, пријателите или се купуваат од пазарите. Може да се одбере било кој зачин, а правилата се исти за сите.

Се сече гранче од билката и се чисти од долните ливчиња. Во водата не смее да има листови, бидејќи скапуваат и предизвикаат развој на мувла. Се оставаат неколку ливчиња на врвот. Се става гранчето во тегла со вода на собна температура.

Вака се одгледуваат нане, на делумно сончев прозорец, оригано и жалфија. На босилекот му се потребни 6-8 часа изложеност на сонце дневно. На стевијата не í е потребно постојано сонце. Тимијанот бара сончево место. Стандардно се одгледуваат рузмаринот и копарот.

Најдобро е билката да се остави покрај прозорец да прима доволно сончева светлина. Повремено се додава вода, бидејќи делумно се искористува и испарува. Откако ќе пушти коренчиња, продолжува истата постапка додека зајакне коренската мрежа. Потоа, еднаш седмично се додава аквапонска прихрана според упатството на производителот.

Loading