БОСИЛЕКОТ ГО ОТНУВА НОСОТ

Затнат нос, инфекција на грлото и многубројни други пропратни тегоби се вообичаена појава. Успешно се санираат со лековити средства кои секој ги има дома. При затнат нос, ефикасен е чајот од босилек кој се инхалира. Добар е, бидејќи поседува етерични масла за одзатнување на носот и за олеснување на дренажата.

За чајот се потребни неколку гранчиња сув босилек, кои се потопуваат во 500 мл. зовриена вода. Потопениот босилек отстојува додека пушта кафеавка боја. Потоа се вадат листовите. Топлиот чај може да се стави во  инхалатор, кој после употребата треба добро да се измие.

Loading