ДОСЕГА ПОЧИНАТИ СЕ 16 ПРИЛЕПЧАНИ

Корона криза

Ginekolosko

Центарот за јавно здравје информира дека во средата 1. јули, во Прилеп има два нови случаја на коронавирус.

Епидемиологот Татјана Мургоска Станимировиќ дава прецизни бројки за бројот на заразени исклучиво во општината Прилеп. Според неа, од почетокот на кризата во март досега се регистрирани 240 заразени, од кои активни се 33 случаи. На болничко лекување се 6, а на домашен третман се 27 пациенти. Од почетокот на корона кризата досега само во Прилеп се починати 16 лица. 

Во самоизолација 94 лица.

Инаку, 7 медицински лица се позитивни на Ковид 19 во гинеколошко – акушерското одделение во болницата.

Директорот Драган Богоески вели дека одделението не е затворено.  Болничарки се 4, а 3 се медицински сестри. Тестирани биле сите здравствени работници на гинекологија. Во изолација се 9, поради близок контакт со заболените. Одделението изведува породување и итни случаи.

-Инфекцијата е од надвор. Болничарка ја раширила меѓу персоналот. Имала симптоми на блага настинка. Не се сомневала дека е корона вирус. Одделението функционира организирано со намален персонал. Се изведуваат сите породувања и се прифаќаат итните случаи. Успешно ќе ги пребродиме сите непријатности – вели Богоески.

Сведен е на минимум ризикот за пациентите кои одат на преглед или кои лежат. Нема најава за скрининг на сите вработени во болницата. Медицинскиот персонал работи со сите заштитни здравствени средства и опрема.

Досега во болницата има околу 15 до 18 позитивни на корона вирус.

Тотална дезинфекција

На одделението сé е механички исчистено, дезинфицирано, поставени се нови кревети и постелнина насекаде. Поставени се нови креветчиња за бебињата, веднаш до мајките. Деновиве се родени повеќе бебиња.

Loading