НЕМА ШАМПИОН, НЕМА ОТПАЃАЊЕ

Пинг-понг

Нема да продолжат пингпонгарски натпреварувања, оти пандемијата не запре. Во Супер лигата за мажи нема отпаѓање, а нема ни прогласување шампион. Токму во сезоната кога прилепските клубови, Младост и Младост 96, се убедливо најсилни во државата. Покрај квалитетни домашни, играат и странски пингпонгари. Затоа штетата е врз овие клубови. Ако се доиграше првенството, сигурно двата ќе влезеа во финалето од плеј-офот и во меѓусебна пресметка ќе одлучеа кому да припадне титулата. Така, високите амбиции ќе останат и наесен, за новото првенство кога конечно ќе видиме големо прилепско спортско дерби кое ќе решава за првото место.

Одложеното Државно поединечно првенство треба да се одржи во септември.

Loading