Ракомет
Бекот Давор Шокоски се врати во суперлигашот Прилеп, по настапите за скопските Бутел и Металург 2. Тој е еден од најталентираните ракометари во градов. На голманската позиција доведен е младиот Стефан Христоски, повратник од Охрид. Претходно потпишаа голманот Зураб Цинцадзе, пивотот Сашко Манчески, левото крило Христи Бикоски, десните крила Реваз Чантурија и Алија Амзоски.
Големо засилување е и тренерот Горан Кузманоски.