Има денови кога ниту еден политичар не лаже – во предизборниот молк.
x
Цел живот се претставува цвеќе, а тој да ти биде цвеќе ама на злото.
x
На давеник подава рака само ако е сигурен дека нема да ја дофати.
x
Нé упатува да гледаме во ретровизорот за да ја видиме иднината.
x
И при најполн стомак окото останува ненаситно.
x
Не бегај од сенката, од неа не можеш да побегнеш. Лошо е кога таа ќе те напушти.
x
Ако не можеш да оставиш печат од твоето постоење, немој да ја запечатуваш судбината на другите.
“Д-р Хаџи-Васков”