ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (53)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Посетувачки на шивачкиот курс во с. Марул од 20 јануари до 20 март во 1963 година

Во почетокот на месец јануари одделението за занаети на општина Прилеп издаде една курсна листа за обука на шивачкиот курс кој ќе трае три месеци со обезбедени шивачки машини од страна на занаетското одделение од Општина Топол чан исто така водителот на курсот за неговата ангажираност ќе биди поддржан со парична награда од страна на општината Тополчани. Исто така водителот на курсот да има соодветна документација за стручна способност на лицето кое ќе ја води наставата како теоретски исто така и практично. Установата за одржување на курсот да биди прифатлива во нормални за физичко и психичко здравје на посетителите.

Општината на Тополчани во курсната листа имаше посебно нагласено секоја населба која прифаќа шивачки курс да се одржи во нивната средина прво мора да оснива одговорен одбор за прием за одржување на курсот. Без таков одговорен одбор нема да биди прифатено за одржување на курсот во ниту една населба во општина Тополчани.

Марулските домаќинки заинтересирани за шивачкиот курс една вечер преку селскиот протуѓер Бошески Борис свика состанок во училницата на училиштето и се избра еден одбор од седуммина: Атанасоски Дончо, Атанасоски Јован, Анѓелески Живко, Велјаноски Благоја, Јованоски Димитрија, Мојсоски Благоја и Малчески Стојан, наставник во училиштето во с. Канатларци како посредник меѓу селскиот именуван одбор при с. Марул и општина Тополчани. Овој селски одбор беше избран со селскиот одборник Јовчески Ванѓел со негов потпис.

Овој осниван одбор од с. Марул достави барање до општината во Тополчани курсот за шивачки да се одржи во с. Марул поради што Марул ги исполнува сите поставени услови од страна на општина Тополчани. Условите беа прикажани во која куќа ќе биди одржувањето на шивачкиот курс.

Работите почнаа нормално, за надлежен раководител на курсот е одредена Малческа Марија од селото Канатларци, сопругата на наставникот Стојан Малчески. Се донесоја шест машини. Тримесечниот шивачки курс ќе се одржува во една куќна соба во куќата на Танески Димко Ристески. Наставата почна редовно од 8 до 12 часот, еден ден пракса, еден ден теорија со 32 пријавени кандидати.

По завршувањето на кусот сите кандидатки полагаа практично и теоретски. Сите, до последната слушателка на курсот ги положија испитите и добија уверение со право да полагаат за квалификуван работник од таа струка, занимање. Со овој курс некои девојки се вработија во текстилната индустрија во Прилеп.

Име и презиме на сите ученички посетители кои го завршија курсот во с. Марул од 20 јануари до 20 март 1963 година:

Атанасоска Дончова Летка Танеска

Атанасоска Јованова Верка Танеска

Атанасоска Неданова Нада Танеска

Василоска Миланова Лоринка Василовци

Василоска Трајанова Писана Василовци

Велјаноска Димкова Спасија Танеска

Велјаноска Орданова Милица Танеска

Дамјаноска Ристева Славка Дамјаноска

Ѓорѓијоска Димитријова Верка Јоноска

Ѓорѓијоска Дончова Стева Јанкоска

Јованоска Алексова Зора Јоноска

Јовческа Благојева Лоринка Велјаноска

Јовческа Ванѓелова Верка Велјаноска

Јовческа Ванѓелова Петра Велјаноска

Митреска Јованчева Блага Мурџеска

Митреска Митева Олгица Мурџеска

Митреска Степанова Дуна Мурџеска

Мојсоска Ванчова Анѓелина Колеска

Мојсоска Велева Лилјана Колеска

Мојсоска Ќирева Љуба Колеска

Павлеска Јованчева Мнка Јоноска

Петреска Ванѓелова Петкана Бабјакоска

Петреска Ванчова Писана Бабјакоска

Ристеска Дончова Ордена Јанкоска

Ристеска Ладева Алтана Јанкоска

Ристеска Ладева Бојана Јанкоска

Ристеска Ладева Лоза Јанкоска

Стојаноска Ѓорѓиева Марија Котеска

Стојаноска Ѓорѓиева Спасија Котеска

Тошеска Божинова Рокида Јолеска

Ристеска Трајчева Менка канатларчанка

dime veljanoskiЗа време на одморот на наставничката Марија Малческа и нејзината придружничка сопатничка Менка Ристеска еднаш дневно за време на одморот добиваа бесплатно оброк, ручек приготвен од домаќинките на кои нивните ќерки го посетуваат шивачкиот курс. Храната им ја доставува одредено лице од селскиот одбор избран за време на одржувањето на шивачкиот курс. Самиот одбор имаше свој распоред одреден ден кога ќе оди по храната и од кое домаќинство тој ден припрема храна за тој ден.

Потомецот од с. Марул Велјановски Диме победник на училишниот натпревар за второ одделение, Кога тато вози на 30.03.1983 во Прилеп

Велјановски Диме е роден во градот Гетеборг во Шведска од родителите Томе и Спасија, одселени таму во седумдесетите години. Малиот Диме Велјановски растеше и се радуваше меѓу родителите, роднините и пријателите и затоа го имаше совладано одлично мајчиниот македонски јазик. Уште малечок ги научи буквите кирилица и броевите од руската програма привет која еднаш неделно се прикажуваше на шведската телевизија. Кога се прикажуваше привет Диме ќе седнеше под масата и со најголемо внимание ја следеше, се откажуваше од јадење и пиење, не смееше ни мува да збрчи.

Диме прво одделение го заврши чисто на мајчин македонски јазик при учителката македонка Драгица Костоска. Тогаш таков беше законот секое родено дете со странски родители нивната рожба до трето одделние го изучуваше мајчиниот јазик поради до трето одделение не се пишува оценки.

Во летото 1983 година родителите на Диме со него малиот Гоце се доселија во Прилеп во ново изграденото под сточното пазариште. Диме го започна второ одделение на 1.9.1982 година во основното осмогодишно училиште Рампо Левката кај класниот раководител Свето. Материјалот Диме го совлада како да е роден во Прилеп.

На 30.03.1983 година имаше натпревар во прилепските училишта за второ одделение по сообраќајни прописи Кога мој тато вози. На тој натпревар ученикот од второ одделение од училиштето Рампо Левката ученикот Диме Велјановски ја освои првата награда Кога мојот тато вози. Неговиот класен раководител Свето по завршувањето на натпреварот со чантата на рамо, Диме за рака го донесе дома. За тој негов успех сите беа радосни, а додека наставникот класен Свето уште порадосен затоа што неговиот ученик Диме го закити неговиот клас со вредна победа во Прилеп. Во малото стекна нови македонски другарчиња. Димевите родители уште со план од претходните години со надеж да се вратат во родниот крај ја прифатија политичката пропаганда на властите што ја пропагираа. Секој кој сака да се врати од привремена работа во својата татковина Македонија ќе можи  да си плаќа месечно во Заводот за вработување за повисока надокнада за материјална заштита. 

Родителите на малиот Диме тоа го сторија прифатија и секој месец плаќаа до Заводот во Прилеп одредена сума пари во динари во износ на сто шведски круни. Откако се вратија во Прилеп поднесоа документи за здравствено осигурување и за материјална заштита. Долго влечење на документите низ заводот, времето помина, повеќе од шест месеци фамилијата на Диме го изгуби правото на материјална и социјална заштита. Подносителите на документите никогаш не ја дознаа вистината зошто ги изгубија правото за социјално и материјално. А додека преработувачите никогаш не ја кажаа вистината зошто ги изгубија правото за социјална заштита и материјална надокнада.     

Продолжува

Loading