КОМФИ АНГЕЛ ДОНИРА И ВО ПАНДЕМИЈА

Lamba za dezinfekcija za bolnicata  poddrzana od Comfy Angel

Комфи Ангел им помогна на македонските иноватори Никола Глигоров и Ивица Поцков да го развијат, произведат и донираат својот уред за УВ дезинфекција во болницата “Борка Талески”. Мобилната бактерицидна, гермицидна ламба – ,,УВ Гард,, е иновативен уред кој преку УВ зраци врши дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии. Составена е од осум светилки по 45 см, со јачина од 18 вати и 10 000 работни часа. Со вградени батерии, работи и на електрична енергија. Работниот простор се дезинфицира за 15 минути. Се користи без присуство на персонал и болни.

Irena JakimoskaКако општествено одговорна компанија специјализирана за производство и продажба на постелнина со исклучителен квалитет и дизајн, Комфи Ангел ги цени здравстените установи и работењето на здравствените работници и чувствува морална одговорност за помош и придонес кон безбедноста на медицинските лица.

Компанијата Комфи Ангел со почитување на мерките за заштита од коронавирусот ја одржа редовната средба со вработените и менаџерскиот тим и се додели наградата од месечната лотарија.

– И за време на кризата предизвикана од светската пандемија, продолжуваме созацртаната мисија во 15 годишното работење – ,,Градиме компанија и после нас,,. Исплатена е и 13 плата на 17 вработени. Тоа е успех и благодарност до вас. Продолжуваме да се грижиме секој за себе и сите за компанијата, која, се грижи, за нас –  посочи  Ирена Јакимовска, менаџерот на компанијата.

Вработените во соработка со Црвенио Крст оделија средства и за социјално загрозени семејства на кои помошта им е неопходна.

Loading