КРСТ НА БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ

jajce

Христијанскиот знак, крстот, му излегол во сина боја на белката на вареното јајце на прилепчанецот Љубе Настески. Тој бил зачуден како необичната појава од четирите јајца купени од пријател од село, во едно да е можно да ,,излезе,, добро отпечатен крст. Откако ја излупил лушпата, го открил јасно отпечатениот, малку неправилен крст. Го фотографирал да го одбележи природниот феномен. Не го толкува значењето, туку само сакал да ја сподели моќта на природата. Специфично е тоа што христијанскиот симбол ,,се јавил,, на празникот Свети Кирил и Методиј.

Инаку, семејството Настески не е посебно религиозно. Ги негува верските празници и традиции како повеќето соограѓани.

Loading